Патриотскиот концертен караван ќе започне во Штип, а ќе заврши во Кавадарци

news
Advertisement

Концертниот караван на кој учествуваат повеќе познати музички имиња од земјава, како дел од проектот ,,Македонијо, во срце те носиме”, ќе започне на шести септември со концерт во Штип.

Advertisement

Како што најавува организаторот, Скендеровски Продукција, по Штип ќе следат концерти во Битола на 13-ти септември, во Велес на 20-ти септември, во Прилеп на 27-ми септември, во Кочани на први октомври, во Тетово на 4-ти октомври, во Скопје на 11-ти октомври, и во Кавадарци, за каде точниот датум дополнително ќе биде соопштен.Пејачите Сузана Спасовска, Наум Петрески, Бојана, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Андријана Јаневска и други се дел од овој проект, со цел да им се доближат старите македонски и патриотски песни на помладите генерации. Тие снимија 12 познати македонски песни со нов аранжман во склоп на проектот, а за истите беа изработени и видео записи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.