Актуелната претседателка на СЗПМ нема да оди на протестот на пензионерите, вели дека нејзината работа не е на улица, туку на преговори

news
Advertisement

Актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова нема да оди на големиот протест што го најавуваат пензионерите за понеделник во Скопје.

Advertisement

Таа во гостување на Сител кажа дека ги почитува барањата на пензионерите и нивното право на протест, но вели дека работата не и е на улица.Трајкова објаснува дека таа протестира така што работи и е во преговори со институциите, односно со Министерството за труд и социјална политика, на покачување на минималната пензија. Таа истакна дека на ова прашање се работи континуирано уште пред да почнат протестите.

После одморите таа најави дека ќе се утврди за колку точно ќе се зголемат минималните пензии.

Објаснуваше дека олеснувања за пензионерите може да се дадат и на други начини со ослободување од партиципација во здравството, проширување на позитивната листа на лекови, субвенции за пензионерските домови.

Според неа, минималната плата и пензија никогаш не биле исти, а линеарно покачување не постои никаде.

Пензионерите секојдневно протестираат порачувајќи дека пензиите не им стигаат за достоинствен живот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.