АЛИУ И МЕЏИТИ: Нема да поднесеме оставки, Груби денеска одбиваше предлози, Џафери аминуваше

news
Advertisement

Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Advertisement

Според нив, Алијанса за Албанците (AA) е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

Како што рече Алиу, „група во партијата, за нејзини цели, кои ние навистина не ги знаеме во моментов, се здружи со ДУИ и прави таков отпор за АА да оди заедно со ДУИ на изборите“.

И Алиу и Меџити напоменаа дека како министри постигнале одлични резултати, работеле одговорно, чесно и транспарентно и тоа, веројатно, некому му пречи.

-Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат, изјави Алиу, на прес-конференција од пред Владата, известува МИА.

Тие говореа и за начинот на кој се одвивала денешната владина седница:

-Денеска третата седница на Владата на Република … Македонија се одвиваше надвор од сите правила и прописи кои што ги имаме и за жал Артан Груби одлучуваше која точка да помине и која точка да не помине. Сакаме денеска да ве известиме дека Артан Груби за сите проекти вокои што се надлежни Министеството за информатичко општество и администрација и Министерството за здравство едноставно без да ги чита ги одбиваше а за жал техничкиот премиер аминуваше.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.