Алијанса и Беса контра Мицкоски: Нема пазарење на терминот „20 проценти“ со бадентерот

news
Advertisement

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ не е поврзана со дневната политика, туку со навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, што ќе ја зголеми внатрешната социјална и меѓуетничка кохезија и ќе ја направи Северна Македонија уште подобра, уште посилна и земја која ги прифаќа европските вредности на јазична и културна различност.

Advertisement

Ова го соопштија од Алијанса за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот.

„За нас е подеднакво навредливо кога јазикот на нашите сограѓани се нарекува северномакедонски или славомакедонски, а понекогаш и поинаку. Затоа, проблемот од 20 проценти г. Мицкоски и другите мора еднаш засекогаш да го сфатат како што треба, тргнувајќи од самите себе, а никако да не ја збунуваат јавноста создавајќи амалгами со Балансер, којшто во суштина е алатка за планирање на вработувања во јавниот сектор за остварување на уставната обврска за соодветна застапеност на заедниците“, велат од АА.

Од таму додаваат дека Бадентер или таканареченото двојно гласање е европски стандард за одржување на мирот и стабилноста што беше воспоставен во републиките од поранешниот комунистички блок по големите трагедии како што се војните во поранешна Југославија.

„Овој механизам го носи името на неговиот творец Роберт Бадентер, поранешен министер за правда и поранешен претседател на уставниот суд на Франција, или светилникот на просветителството и европската демократија. Секое прекршување на овој механизам на консоцијална демократија би било ретроградно и би донело последици кои никој од нас не би ги посакал. Ако ова двојно гласање е „проблематично“ за некого, треба да се земе предвид дека многу земји слични на нашата го имаат регулирано ова прашање со дводомен парламент, кој треба да се стави на маса доколку во иднина се отвори ваква расправа“, велат од партијата предводена од Арбен Таравари.

Инаку, реагираа и од втората албанска опозициска партија – Беса, чиј потпретседател Аријанит Хоџа на фејсбук напиша дека паралелата која Мицкоски се обидува да ја направи помеѓу терминот „20%“ и Бадентер механизмот е несоодветна.

„Терминот „20%“, е навредлив термин за јазикот на втората по големина нација во Северна Македонија, додека Бадентеровиот механизам е политичка алатка која ги штити етничките заедници од мајоризацијата која настана против албанскиот политички фактор. Затоа, обидот да ги „пазарите“ овие две прашања во уставните промени не е ниту рационален ниту помага во тековната градење на меѓуетничката кохезија во државата“, напиша Хоџа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.