Огненото момче има златна рака: Ганиу и Меџити доделиле тендери во вредност од 16 милиони евра на две компании со исти сопственици – еве за кого се работи

news
Advertisement

Ако некој настан се случи еднаш може да се смета како случаен инцидент, ако се случи двапати, како коинциденција, но ако се случи трипати, тогаш е регуларност, но ако тендерите на една општина ги добива со години иста компанија со исти сопственици кои се позлатени тоа е очигледна корупција.

Advertisement

Токму ова се има случено во општина Чаир која на две компании со исти сопственици и има доделено 16 милиони евра во тендери.

Огнениот Висар Ганиу кој крена бунт во ДУИ поради наводно незадоволство од справувањето со корупцијата на партијата, очигледно и самиот е вмешан во мегакорупциски скандал кој тежи неколку милиони евра.

Огнениот Ганиу се изгасна и не замина во новата партија која ја направи Изет Меџити, но очигледно има златна рака па успеа да позлати една фамилија со повеќе од 10-тина милиони евра.

Како што дознава Инфомакс од своето истражување се работи за две компании Енергоинвест Трејд и Бауер БГ кои во мандатот на Ганиу имаат инкасирано неверојатно 16 милиони евра.

Како што дознава Инфомакс од свои извори во доделувањето на овие тендери лично има учествувано Изет Меџити како покровител на политичката кариера на Висар Ганиу, но и како човек кој е фатен со рацете во медот по однос на овие коруптивни зделки.

Ганиу на компанијата Енергоинвест Трејд и има доделено 22 тендери во вредност од 1,2 милиони евра во период од 2020 до 2023 година како што може да се види и од официјалните податоци на сајтот „Јавни набавки“.

Како што може да се забележи од јавно достапните информации од централниот регистар компанијата Енергоинвест трејд е во сопственост на Гордана Димитрова, а управители се Глигор Димитров и Љубен Илиевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.