Нови детали од истрагата за масакарот во „Рибникар“: Сестрата на Кецмановиќ ги труела пријателите со доместос

news
Advertisement

Девојче на социјален собир истури хемиско средство за чистење во соковите на другите деца, а потоа го нарече „игра“.

Advertisement

Иминативе денови се појавија нови морбидни делови од мозаикот од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. По обвинението против Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на момчето-монструм Коста, кое уби девет другари и чуварот на училиштето, се појавија детали од истрагата против нив. Тие детали се подеднакво страшни иако не се составен дел од обвинението.

Како што неофицијално дознава српски Телеграф, во истрагата против Миљана Кецмановиќ поради индиции за занемарување и злоупотреба на детето, инспекторите пронашле неверојатни информации за помладата сестра на Коста.

– На еден собир со други деца им истурала домастос во чашите со сокови. Се завршило среќно бидејќи едно од децата забележало чуден вкус на чашата и ги алармирало родителите. Потоа настанала паника, а кога малите се смириле, откриено е кој е виновникот. Сестрата на момчето убиец признала се и објаснила дека тоа е „детска игра“ – вели информиран извор од истрагата.

Децата и нивните родители ја прифатиле оваа верзија, но ги предупредиле Кецмановиќи.

-Не би било првпат децата да не знаат да разликуваат „игра“ од реални опасности, да помешаат реалност и фикција, но затоа се тука родителите. Нивна должност е да се грижат за воспитувањето на синовите и ќерките, а и за нивното дружење, особено што денес малечките веќе на таа возраст, од девет или десет години, имаат пристап до разни опасни содржини на Интернет, телевизија, и во компјутерски игри – додаде информираниот извор.

Оваа епизода, во која актерот била сестрата на Коста, не била директно поврзана со масакрот, па немало причина да се вклучи во обвинението против Миљана и Владимир Кечмановиќ. Но, тоа секако навлегува во пошироката слика за односите во тоа семејство.

Извор:https://fokus.mk/novi-detali-od-istragata-za-masakarot-vo-ribnikar-sestrata-na-ketsmanovik-gi-truela-prijatelite-so-domestos/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.