Претреси во Скопје, Дебар и Чучер Сандево, пронајдени кокаин, екстази, кристал мет, марихуана…

news
Advertisement

Вчера во Скопје полицијата ги проведе К.К.(35) од Скопје и Љ.Б.(30) од Штип, со привремен престој во Скопје. При претрес на К.К. во близина на неговиот дом биле пронајдени 50 таблети екстази, кокаин и едно пакување со синтетичка дрога кристал мет.

Advertisement

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Вчера, исто така, по добиена судска наредба, бил извршен и претрес во домот во кој престојува Љ.Б., при што биле пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, околу 100 грама кокаин, едно пакување со синтетичка дрога кристал мет, околу 500 таблети екстази и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во Дебар бил уапсе А.П. (47) од Дебар откако во неговиот дом полицијата, со судска наредба, извршила претрес и пронашла марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера беше приведен и Б.А. (33) од село Чучер Сандево, скопско. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу еден килограм амфетамин распределен во пакувања подготвени за улична продажба, околу половина килограм марихуана, масло од канабис и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: https://mkd.mk/node/530016

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.