Анализа на „Политико“: Кој би можел да го замени Путин?

news
Advertisement

Катастрофалната воена авантура на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ја зголемува можноста за „негативен крај” на неговото 22-годишно владеење, пишува во анализа европското издание „Политико”.Дури и да не го признаат тоа јавно, руската војска трпи големи загуби во Украина, што наложи најава за мобилизација, иако делумна. Сепак, овој претседателски декрет доведе до вистински хаос во Русија, протести и илјадници млади момчиња кои се предмет на мобилизација, кои се упатуваат кон границите, но во обид да не завршат во Украина. Ова најверојатно ќе биде фактор за промена на власта во земјата, но се уште не може да се предвиди дали оставката на Путин ќе биде доброволна или тој ќе биде сменет од власт – дали од сопствениот народ или од опозицијата”, се наведува во анализата.

Advertisement

Се додава дека во текот на годините на неговото владеење, 69-годишниот Владимир Путин направи се за да ги отстрани потенцијалните замени, вклучително и од неговиот близок круг. Го промени Уставот за да го заобиколи ограничувањето на претседателскиот мандат и воопшто не подготвува замена. Но, последните случувања, како што е наведено, сугерираат дека тоа би можело да се промени.

„Политико” ги разгледува можните кандидати за замена на рускиот претседател и колку тоа би било опасно за Западот.

Првото сценарио што се разгледува е Путин да го избере својот наследник.

Најверојатен кандидат, како што е посочено, е „супершпионот” Николај Патрушев, кој е секретар на Федералната служба за безбедност на Русија и многу близок со рускиот претседател. „Поранешниот агент на ФСБ изгледа опасно за Западот – уште пред Путин да ја нареди неговата воена операција во Украина, тој го обвини Вашингтон дека се обидува да ја растури Руската Федерација”, стои во текстот.

„Политико” пишува дека во моментов, Путин го поминува поголемиот дел од своето време во Кремљ, но Патрушев е многу активен на меѓународно ниво и често ја посетува Кина. Но, како што е наведено, неговата слабост е неговата возраст – 71 година. „Очекувањата се дека Патрушев привремено ќе ја извршува функцијата руски претседател доколку биде номиниран. Веројатноста тој да биде следниот претседател на Русија е голема, а голема е оценета и опасноста за Западот”, анализира весникот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.