Роденден денеска слави ракометарката Андреа Белеска. Таа е сопруга на пејачот од дуото Некст тајм, Мартин, кој по тој повод ѝ упати роденденска честитка на социјалните мрежи.
„Среќна да си љубов моја“ – напиша Мартин покрај фотографијата која ја објави .
Дефинитивно ова ќе биде еден од најубавите родендени на Андреа, заедно со ќеркичката која се роди на 23 октомври лани.
Девојчето го доби името Лиана, и веќе три месеци ги топли срцата и им шири љубов на среќните родители кои не ја кријат среќата и радосните вести ги споделуваат со следбениците на социјалните мрежи.
„Самите го искомплициравме секој аспект на живеењето па и родителството, мислам дека доаѓаат доста комплексни времиња за воспитување дете. Како и да е, и јас и Мартин сме позитивни, затоа што не сме ни први ни последни идни родители на светот, верувам дека ни предстои нова, топла, убава ера и едвај чекам да почнеме да ја живееме“, изјави Андреа, сопругата на Мартин Филиповски во интервју за Женски магазин.
Фото: Инстаграм
РЖМ