Сончево со мала облачност, во вечерните часови локален дожд

news
Advertisement

Сончево со мала до умерена локална облачност, а од вечерните часови облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец, кој кон крајот на денот долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=7

Advertisement

Во Скопје сончево, попладне со умерена, а кон крајот на денот со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 33 степени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.