Хоџа: Скандалот во Онкологија мора да ги изведе инволвираните пред лицето на правдата

news
Advertisement

Криминалот и корупцијата присутни во секоја сфера на општеството – скандалот во Онкологија мора да ги изведе инволвираните пред лицето на правдата

Advertisement

За жал, скандалот во клиниката за онкологија открива дека криминалот и корупцијата навлегле длабоко во секоја пора на општеството.
Европската Демократска Партија ги охрабрува институциите на редот и правдата сериозно да ја спроведат истрагата и одговорните за овој грозен и криминален чин да добијат соодветна казна.
Сега, повеќе било когаш, мора да се започне безрезервна битка со организираниот криминал и корупцијата, феномени кои секојдневно ја губат довербата кај граѓаните и влијаат на масовното заминување на граѓаните од државата.
Мора да заврши времето на недопирните лица заштитени од институциите, а случајот со Клиниката за онкологија е последното предупредување институциите да постапат, а виновниците да добијат максимална казна.
Поговорката дека „корупцијата убива“како никогаш досега се докажува во овој случај, затоа сметаме дека ова е последен аларм за да се докаже на дело дека криминалот и корупцијата нема да останат неказнети.
Довербата во институциите од сите сфери може да се врати само со борба против девијантните феномени, инаку секоја вербална изјава за аспирации кон европските вредности е еквивалентна на нула доколку сериозно не се работи за спречување на овој „рак“ наречен криминал и корупција кој за жал е длабоко навлезено во сите нивоа на општеството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.