Гран при за „Одисеј“ на Драмскиот театар од Пловдив на фестивалот „Стоби“

news
Advertisement

Претставата „Одисеј“ на Драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“ од Пловдив ја освои Гран при на Интернационалниот театарски фестивал „Стоби“, што заврши синоќа. Претставата е по текст на Александар Секулов, според Хомер, во режија на Диана Добрева, која ја доби наградата за најдобра режија. „Режијата во претставата „Одисеј“ умешно и елегантно ги преплетува текстуалното и визуелното, телесното и звучното, индивидуалното и колективното, епското и лирското, со што, ги надминува границите на она што во теоријата се определува како „драмски театар“ и креира еден геометриски прецизен театарски чин, кој, кореспондира со традициите на Европскиот театар на 20-от век и ги осовременува на начин кој непречено и непосредно комуницира со современиот гледач на 21-от век“, вели жирито во состав: : Ѓорѓи Јолевски (претседател), Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Деан Дамјановски (членови).

Advertisement

 

 

Претставата „Одисеј“ демонстрира завидно единство помеѓу поетиката на драмскиот текст, амбициозниот концепт на режисерката, колективниот потенцијал на театарот, како и техничките и продукциските квалитети на истиот, притоа создавајќи целосно театарско доживување на античкиот мит, кое допира до гледачот на повеќе рамништа – стои во образложението на жири-комисијата на фестивалот во состав

Наградата за најдобра женска улога ја доби Јелена Ѓукиќ за улогата на Клитемнестра во претставата „Ифигенија“, според Еврипид, во режија на Зоран Ракочевиќ, продукција „Корифеј театар“, ЦК Колашин и ЦК Бјело Поље, Црна Гора, а за најдобра машка улога – Ѓорѓе Татиќ за улогата на Агамемнон во истата претстава.

-Јелена Ѓукиќ го гради ликот на Клитемнестра со неверојатна  вештина суверено владеејќи со своите емотивни, гласовни, физички и умствени актерски способности. Умешно го следи режисерскиот концепт за во него да изгради сопствена актерска автономија воспоставувајќи потполна контрола врз дејствието. Создава навидум ладна и рационална кралица која се покорува на Агамемновиот авторитет но нејзиниот емотивен внатрешен набој на мајка која мора да ја жртвува сопствената ќерка, блеска како болка од сцената создавајќи емотивна конекција со гледачот. Иако млада актерка Ѓукиќ на сцената делува безвремено и плени со нејзиниот шарм, убавина, духовност и неприкосновени актерски перформанси.

Ѓорѓе Татиќ го оживеа ликот на Агамемнон со силно чувство за модерен пристап кон градењето на улога во новите естетски театарски форми. Своето актерско искуство го искористи во пласирање на дикциски совршено говорење на стихот и со силниот идивидуалитет ги поврзува останатите актери/ликови во амалгамот наречен „ Ифигенија“. Татиќ суровиот Агамемнон го трансформира од бахат господар во тиранин за на крајот на дејствието да влезе во молк кој ечи. Софистицираниот пристап кон градењето на улогата ја потенцира големината на актерскиот персоналитет на Татиќ кој ни донесе нов, силен, модерен, моќен и авторитативен Агамемнон – стои во образложението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.