ЕСМ и натаму плаќа поскапо за гас и покрај поповолна понуда од „Макпетрол“ додека паѓаат цените на берзите

news
Advertisement

ЕСМ Енергетика плаќа поскап гас за своите потрошувачи поради одлуката на ЕСМ Продажба да склучи договор за снабдување со бугарската „Балкан Јутилитис“.

Advertisement

Од „Макпетрол“ појаснуваат дека тие на својот долгогодишен партнер Енергетика му дале понуда со пониска цена од онаа која ЕСМ ја договори со бугарската фирма. Со оваа е нејасно зошто ЕСМ склучи договор со фирма која нуди повиоска цена, во услови кога на располагање имаше поекономична понуда.

Во меѓувреме цените на гасот на берзите почнаа да паѓаат. Поради тоа над еден милион евра со влучен ДДВ е разликата во цените која што ЕСМ ќе ја плати за набавка на гас од „Бугарски Јутилитис“, откако ја прифати нивната понуда со фиксна цена, а ја одби онаа на домашната „Макпетрол“ со променлива во зависност од движењата на берзите.

На ваквите пресметки реагираа од државната ЕСМ. Во реакцијата на компанијата пишуваше- ако „Макпетрол“ имале сознанија дека цената во јанаури ќе има тенденција на спуштање, требало да дадат понуда со пониска фиксна цена, која ЕСМ продажба ќе може да ја земе предвид за разгледување заедно со другите кои доставиле ваква понуда.

Но, од „Макпетрол“ уште пред Нова Година во соопштение до јавноста наведоа дека нивната понуда не била со фиксна цена, токму поради проценките дека гасот во следниот период ќе биде поевтин и дека поради таквата состојба цената на македонската компанија многу е веројатно дека ќе биде пониска од таа на бугарската фирма.

Сепак, ЕСМ и натаму ќе фаворизира понуди со фиксни цени. Од компанијата за Телма потврдија дека новиот повик за набавка на гас за февруари ќе биде објавен деновиве. Но, потенцираа дека сите понуди кои ќе бидат со флексибилна цена, нема да се разгледуваат. Објансуваат дека фиксната цена е задолжителен услов од причина што ЕСМ Продажба треба да има обезбеден буџет, да има пресметка за набавка на гасот кој го плаќа однапред.

Но, од тука се поставува прашањето зошто државните електиани треба да планираат буџет, кога тие како компанија ги имаат потребните средства кои Владата со одлука им ги додели, а се наменети за набавка на енергенси во услови на енергетска криза. Исто така, се поставува и прашањето зошто се фаворизира фиксна понуда за берзански производи и која е гаранцијата дека компанијата со фиксна понуда ќе го испорача потребниот гас, ако неговата цена на берзата се зголеми.

Според истражувањата и пишувањата на медиумите во Македонија и регионот, фирмата „Балкан Јутилитис“ во 2019 година и во 2021 година работела со загуба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.