СРПСКА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА СНИМА ЖЕНИ ПРИ ПОРОДУВАЊЕ: И емитува во живо на социјалните мрежите

news
Advertisement

Инструментарка од Гинеколошко-акушерската Клиника „Народни фронт“ во Белграф , која на социјалните мрежи се претставува како Јелена, прави скандалозни видеа од операционата сала и ги шири на социјалните мрежи.

Advertisement

Таа дури прави пренос во живо на породувања со царски рез, пред да биде спроведена спинална анестезија. Таа однапред ги информирала своите следбеници за времето на емитувањето и ги барала да и поставуваат прашања.

Инструментарката е суспендирана по итна постапка, а против неа е поведена дисциплинска постапка.

На видеата и сликите кои ги објави може да се забележат полуголи жени, на една од нив дури и ги покажува градите.

Често објавува фотографии и видеа од операционата сала, а освен што објавува скандалозни фотографии од жени на операционата маса, објаснува и за што служи инструментот, како функционира процедурата за анестезија…

Министерката за здравство, Даница Грујичиќ изјави дека е згрозена.

– Згрозена сум од фактот што еден здравствен работник дошол на идеја да емитува што се случува во операционата сала на Инстаграм, Тик-Ток или која било социјална мрежа на Интернет. Лично сметам дека таков човек треба да подлежи на повторна проценка од страна на лекарот за да се види дали е способен да работи во такви услови. Ја поздравувам одлуката на директорката Миковиќ да ја суспендира – изјави министерката Грујичиќ за Телеграф.рс

ФОТО: Twitter i Tik Tok/Print Screen

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.