Уште еден смртен случај во Битолската болница: Почина бебе само два часа по породувањето

news
Advertisement

Само два часа по породувањето во битолската болница почина уште едно бебе, објави А1он.мк.

Advertisement

Како што пишува порталот мајката која има 24 години ова и била прва бременост била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.

Според лекарите пак, станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.

Мајката е во релативно добра здравствена состојба.

Тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат и комисија од инспектори утврдуваат што било точно причината за смртта на бебето.

Според информациите со случајот е запознаен и министерот за здравство кој веќе разговарал и со мајката и со лекарите и најави испитување на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.