Анкета на ИПИС: Гордана Силјановска и Стево Пендаровски одат во втор круг, трет и четврт се Бујар Османи и Арбен Таравари

news
Advertisement

При презентацијата на анкетата, не беа објавени резултати од евентуално прашање за тоа како граѓаните би се определиле во вториот круг од претседателските избори кој е повеќе од извесен
Според симулацијата на пратенички мандати врз основа на резултатите од анкетата на ИПИС, најбројна пратеничка група по изборите би имала ВМРО-ДПМНЕ со 52 до 54 места во Собранието. СДСМ би освоила од 26 до 30 пратенички места, а од другите партии од македонскиот политички блок, Левица и партијата За наша Македонија (ЗНАМ) на Максим Димитриевски може да се надеваат на пет до шест мандати

Advertisement

Во првиот круг од претседателските избори кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, би освоила најмногу гласови, а покрај неа, во вториот круг би се пласирал и Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), чиј програмски директор е Владимир Божиновски.

Според податоците објавени во емисијата „Објектив“ на МРТ 1, на прашањето „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори“, 24,6 отсто од испитаниците се определиле за Гордана Силјановска-Давкова што е раст од 4,4 процентни поени во однос на февруари, а за Стево Пендаровски 14,4 отсто што е за околу три процентни поени повеќе во однос на претходното истражување.

Резултати од анкетата на ИПИС на прашањето „За кого ќе гласате на претстојните парламентарни избори?“
Гласот за Бујар Османи рекле дека ќе го дадат 7 отсто од испитаниците, а 5,7 за Арбен Таравари. За Максим Димитриевски би гласале 4,4 отсто, за кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска, рекле дека би гласале 3,5 отсто од испитаниците, а најмалку – 0,7 отсто се изјасниле за Стевче Јакимовски.

Според податоците од анкетата, во март, во однос на февруари, има зголемување на поддршката кај сите кандидати.

При презентацијата, не беа објавени резултати од евентуално прашање за тоа како граѓаните би се определиле во вториот круг од претседателските избори кој е повеќе од извесен и во кој, според анкетата, влегуваат Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровск

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.