Анкета на ИРИ: Пендаровски и по него Груевски со најголема доверба меѓу граѓаните

news
Advertisement

Претседателот Стево Пендаровски има целосна доверба од 12 отсто и 26 проценти делумна доверба кај испитаниците и е политичар кому граѓаните најмногу му веруваат, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).На второ место во оваа категорија е Никола Груевски, со 11 отсто целосна доверба, плус 19 отсто делумна доверба, а на трето Христијан Мицкоски со осум отсто целосна и 21 отсто делумна доверба.

Advertisement

Ако во недела има избори, водство од партиите има опозициската ВМРО-ДПМНЕ за која кажале дека ќе гласаат 19 проценти, наспроти 11 отсто за СДСМ, за ДУИ 8%, за Алијанса 5 и за БЕСА 4 отсто. Од листата на политичари, Али Ахмети со 6 проценти е најпопуларен, а по него второто место со по пет проценти го делат поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и Мицкоски, додека пак на трето место е премиерот Димитар Ковачевски со 4 отсто. Следен на листата е претседателот Стево Пендаровски со три проценти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.