Арсовска до Мицкоски: Сакајќи да го подигне својот рејтинг, очигледно доста работи на тоа да го подигне и мојот

news
Advertisement

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да продолжи да се занимава со неа, бидејќи ѝ го подобрува рејтингот.

Advertisement

Кажа дека тој две години се занимавал со неа, но наместо да го подобри својот, го подобрувал нејзиниот рејтинг. Арсовска ова го изјави по денешната прес-конференцијата за изборот на Скопје за европска престолнина на културата 2028, на прашањето дека Мицкоски на неа и на екс премиерот Никола Груевски им посакал среќа што и да работат.

„Немам ништо што повеќе да му додадам, неговите очигледно лаги и манипулации и закани во изминатите две години, на коишто никој притоа не реагираше, ниту еден човек не излезе во одбрана на она што се случува во делот на заштита на правата на жената и на насилството кое се одвива, наспроти она кое што сакаат да го прокламираат од другата страна“, вели Арсовска.

Арсовска рече дека е посветена на она што треба да го реализира за Град Скопје и ако има било какви други одлуки ќе ги повика медиумите и ќе ја извести јавноста.

Арсовска ниту ги потврди ниту ги демантира гласините дека ќе се активира политички преку новоформирана партија. И во минатото, Арсовска и Мицкоски си разменија остри зборови.

Извор: https://faktor.mk/arsovska-do-mickoski-sakajkji-da-go-podigne-svojot-rejting-ochigledno-dosta-raboti-na-toa-da-go-podigne-i-mojot

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.