Маричиќ со демант на Стојановска: Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака

news
Advertisement

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во објава на Фејсбук, го демантира обвинувањата од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска и вели дека „со пратеничката ниту имал било каква комуникација ниту ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака“.

Advertisement

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа. Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации. Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор“, реагира Маричиќ

Пратеничката Стојаноска од собраниската говорница за време на седницата на која се поставуваат пратенички прашања, го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.

Извор: https://frontline.mk/2023/09/28/marichi-so-demant-na-sto-anovska-so-pratenichkata-nitu-sum-imal-bilo-kakva-komunikaci-a-nitu-sum-ispratil-bilo-kakva-verbalna-ili-gestikulativna-poraka/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.