Десет тела и црната кутија пронајдени на местото на падот на авионот во кој бил Пригожин

news
Advertisement

Десет тела и црната кутија, како и бројни документи на жртвите, кои ќе бидат важни во понатамошниот тек на истрагата, се пронајдени во Тверската област каде се урна авионот во кој се наоѓаше водачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Advertisement

„Во текот на почетните истражни активности, на местото на несреќата се пронајдени тела на десет загинати. Во тек се молекуларни генетски испитувања за да се утврди нивниот идентитет“, објави Рускиот истражен комитет на својот канал на Телеграм, пренесува Руската државна новинска агенција.

Сите можни верзии за тоа што се случи ќе бидат внимателно испитани“, се вели во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.