Арсовска: Мицковистите се на власт во Град Скопје

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорен за состојбата во која се наоѓа Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска во подкаст на Инфомакс, го впери прстот во како што вели „Мицковистите“ за хаосот на Градот.

Advertisement

„Мицковистите се власт во град Скопје. 500 членови на управни, извршни одбори во јавни претпријатија, во јавни установи, во надзорните одбори имаат на овие јавни установи, јавни претпријатија. Имаат во училишните одбори, значи луѓето се власт. Луѓето имаат мнозинство во советот, луѓето имаат претседател во советот. Вие кога ќе го погледнете собранието, најверојатно ви е јасно кој е таму власт. Исто, кога ќе го погледнете Град Скопје и кој го води од таа сцена во советот, најверојатно ви е јасно кој го води. И тука нема бегање од тоа“, изјави Арсовска во гостување на Инфомакс.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.