АРСОВСКА ПОНИШТИЛА 44 ТЕНДЕРИ ЗА ГОДИНА И ПОЛ Андоновски вели дека 7,7% од вработените си заминале од Градот поради неа

news
Advertisement

Дел од тие проекти се клучка на булеварот Словенија со булеварот Никола Карев, проект за набавка во делот на противпожарната единица на град Скопје, набавка на униформи, кружен тек на влез во Сарај, како и проекти за изградба на улици во Бутел и во Карпош.
Зошто оваа година сe поништени 31 тендер, а лани 13 во рамки на град Скопје откако е дојдена новата администрација во градот, праша денеска советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски.

Advertisement

Дел од тие проекти се клучка на булеварот Словенија со булеварот Никола Карев, проект за набавка во делот на противпожарната единица на град Скопје, набавка на униформи, кружен тек на влез во Сарај, како и проекти за изградба на улици во Бутел и во Карпош.

– Дали сте свесни дека со поништување на овие постапки се случува блокада на град Скопје? Сомнежот е дека намерно се поништуваат затоа што се сака со промена на комисиите да се влијае во нивната работа, односно во избор на најдобар понудувач – рече Андоновски.

Тој праша и што станува со изборот на нов директор на средното училиште „Орце Николов“.

– Според законот за средно образование три месеци пред истек на мандатот на постојниот директор се носи одлука да се распише оглас за нов директор. Во „Орце Николов“ мандатот на сегашниот директор истекол на 4 септември, а одлука е донесена на 25 август, десетина дена пред истекот на мандатот, и е прекршен законот. Од 4 септември до денеска нема б.д. директор што е спротивно законот кој вели дека во рок од 3 дена треба да се постави директор. Како сегашниот директор потпишува решенија и плати кога има истечен мандат? – праша Андоновски.

Тој ја праша градоначалничката Арсовска дали со нејзиниот однос придонесува вработени да го напуштаат Град Скопје затоа што досега 7,7% од вработени си заминале од работното место./

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.