СЗО го гледа крајот на пандемијата

news
Advertisement

На повидок е крајот на Ковид пандемијата. Светската здравствена организација објавуи дека минатата недела регистрирани се најмал број смртни случаи во последните две ипол години, но предупредуваат на внимателност бидејќи постои ризик од појава на нови видови на коронавирусот.

Advertisement

– Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на Пандемијата, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, директор на СЗО.

И во Македонија летово се стабилизираше состојбата со Ковид 19. На Инфективната клиника во моментот има 20-тина хоспитализирани. Според директорката станува збор за повозрасни лица со неколку хронични заболувања, а за едно деноноќие лекарска помош во амбулантите бараат по 5-6 пациенти.

– Очекувањето е да се стави крај на Пандемијата, но не смееме да мислиме дека Ковид веќе нема да има, секако дека ќе има, вели д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за нфективни болести.

Според СЗО од март 2020 до сега 6,5 милиони луѓе во светот починаа од компликации од Ковид 19, а во Македонија битката со вирусот ја загубуја 9.516 лица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.