Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб, невремето корнело покриви, автомобили заглавиле на поплавените улици

news
Advertisement

Откако Скопје попладнево беше зафатено од силно невреме кое предизвика штети, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје
„По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Според Центарот за управување со кризи, граѓаните на телефонот 112 пријавиле паднати дрва, откорнати покриви, заглавени возила, поплавени дворови и простории… Од ЦУК велат дека дојавите на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби.
Порталот Скопјеинфо објави дека дрво скршено од невремето паднало врз објект на ЈП „Градски паркинг“ во близина на поранешната Градска болница, а вработениот кој во моментот бил во куќарката, за среќа е неповреден.
Од „Градски паркинг“ го потврдуваат инцидентот и информираат дека нивниот вработен е во добра здравствена состојба и поминал со ситни гребнатини.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.