Атиџе не знае како ќе ја помине зимата – се уште нема дрва за огрев

news
Advertisement

„Медена земја“ ќе стане филмска лектира за учениците и студентите, но и лекција за животната средина која внимателно треба да биде анализирана од надлежните институции.

Пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова никогаш не патувала со авион, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.
Три години потоа, преку неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, домашната и светска јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа извонредна жена.

Едноставна, мила, скромна, Атиџе зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости. И понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.
Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

На крајот на претходната година Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева им го претставија на фановите нивниот прв – долгонајавуван албум „Пола тебе – пола мене“.
Сузе и Атиџе заедно патуваа и за Турција каде уживаа во убавините на Истанбул, еден од најубавите градови во светот.

Сузе е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто. Секогаш кога има можност е на посета кај Атиџе во Дурфулија.
Во последно време Сузе е позната по собирањето камчиња и нивно декорирање со најразлични дезени и бои за кои врши и нарачки. Но, она што го сподели како новина со јавноста е дека всушност нејзиното хоби има и благородна мисија, па напиша:

„Мислам дека не треба да потенцирам кој(а) ми беше инспирацијата за овие камења?! Атиџе се разбира – жената од која можевме многу да научиме, ама за жал ништо не научивме.
Чест на исклучоци кои покажаа дека се луѓе од збор и луѓе со срце и совест. Мисијата за Атиџе продолжува, следен предизвик е обезбедување на огревни дрва за претстојната зима, средување на дворот, оградување на истиот и изградба на летниковец…

За сите кои сакате да се вклучите во мисијата и да го убрзаме процесот на реализација пред почеток на зимата, пишете ми во инбокс.“

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.