Ауди изгоре во пожар во Куманово

news
Advertisement

Патничко моторно возило „ауди“ ноќва било опожарено во Куманово, информираат денеска надлежните. – На 10.07.2023 година во 01.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул. „Бајрам Шабани“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Х., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Advertisement

Како што додаваат оттаму во пожарот нема повредени лица.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Четворица пожарникари интервенирале во период од 01:25 до 01:45 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.