За пет часа не можеме да го надополниме она што овие мафијаши го направија како штета за три дена, вели Арсовска

news
Advertisement

Не може да се среди за пет часа, нешто што не се средило три дена поради заложништвото на мафијашки структури, порача градоначалничката Данела Арсовска по забелешките дека градот и натаму се гуши во ѓубре. Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, посочи дека нема да остане општина каде контејнерите ќе остнаат полни. Двете се согласни дека постапуваат и работат за да се сервисираат сите потреби на граѓаните.

Advertisement

„Нашето претпријатие три дена беше под целосна блокада. Територијата на Град Скопје беше во заложништво. Од вчера, по 12-1 часот, екипите се на терен. Екипирани се сите работници. Нема да постои ниту една општина каде нема да се исчисти сметот. Ќе работиме 24 часа, се почна со градските улици – само да ги сервисираме потребите на граѓаните“, кажа Мазнева.

Арсовска одново го впери прстот во мафијашките структури, кои на прес-конференцијата не ги посочи со име и презиме, но ги пишала во кривичната до Обвинителство

„За пет часа не можеме да го надополниме она што овие мафијаши го направија како штета за три дена. Се работи, ќе се исчисти“, рече Арсовска за полните контејнери

Директорката Мазнева посочи дека таа не работи контра вработените, туку во нивна корист.

„Јавното претпријатие е во целосна кондиција. Во нивни настапи пред медиуми, одредени личности, клеветат и даваат лажни изјави. Јавното претпријатие ‘Комунална хигиена’, од 2007 година, ниту еден вработен нема добиено регрес на плата. Сега има исплатено. Личните заштитни средства, ракавици и одела, иако е законска обврска да се дадат од претпријатието, тие не биле дадени. ќе ви дадам документи дека оваа година се поделени личните заштитни средства“, додаде Мазнева.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.