Африм Гаши со службен автомобил оди да земе невеста во Косово?
Медиумот Индекс синоќа објави видео снимка на која наводно се гледа службеното возило на собранискиот спикер Африм Гаши е дел од свадбарска колона, со наслов „Гаши со службен автомобил оди да земе невеста“..
Либерално-демократската партија изразува загриженост од како што велат, континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на македонското собрание, Африм Гаши..
Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во свадбарска колона во соседно Косово. , велат од ЛДП во писменото соопштение..
Прашуваме, дали господинот спикер, Гаши, носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата? Ако имал, бараме образложение по кој основ е издаден тој налог, за која намена, во кое времетраење и нормално, колку сето тоа нѐ чини нас, од чии даноци и се одржуваат возилата и државниот возен парк., прашуваат од ЛДП..
Медиумот Индекс синоќа објави видео снимка на која наводно се гледа службеното возило на собранискиот спикер е дел од свадбарска колона, со наслов „Гаши со службен автомобил оди да земе невеста“.
Канал 5 побара одговори во врска со случајот лично од Гаши, но тој не одговори на нашите пораки и повици.. Од Антикорупциска пак велат дека деновиве ќе разгледуваат дали има основ за постапување..