АХВ проверува дали има од канцерогениот српски чипс на нашиот пазар

news
Advertisement

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен

Advertisement

Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

-Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.

Проверката од страна на АХВ следи откако на хрватската граница е откриено високо ниво на канцероген акриламид во прехранбен производ произведен во Србија. Високо ниво на акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка произведен во Србија. Земја на апликација е Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска и Србија, стои на веб-страницата на европскиот систем за брзо предупредување.

Производот не влегол на хрватскиот пазар и бил безбедно уништен. Акриламид не може да се најде во свежата храна и главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка. Најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Ова соединение беше подетално истражено и пронајдено во одредени видови храна во 2002 година во Шведска. Оттогаш јавноста е предупредена за нејзините последици, а особено загрижува поврзаноста со некои форми на рак. Акриламидот се претвора во телото во глицидамид, кој предизвикува мутации и ја оштетува ДНК. Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.