Ахмети: Прифаќам ривалство, но не и клевети, не сме ние виновни што 22 години сме победници

news
Advertisement

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во обраќањето синоќа од манифестацијата „Лице в лице за еднакви можности“, организирана од Секретаријатот за еднакви можности на огранокот на ДУИ во Чаир, рече дека за многу од неговите противници е трн во око, но оти тој не е виновен што победува 22 години. Осврнувајќи се на политичките случувања, Ахмети рече дека прифаќа ривалство со политичките противници во земјава, но не и ривалство до ниво на клевета и непријателство.

Advertisement

Многу сум свесен дека сме трн во очи на многу политички противници што ги создававме за 22 години, но не сме ние виновни што 22 години сме победници. Народот гласаше за нас. Затоа, тие немаат причина да бидат непријателски настроени кон народот. Прифаќам ривалство, прифаќам да бидам во конкуренција, но не и ривалство до точка на непријателство. Не во ривалство до клевета, затоа што не победивме насилно 22 години. Народот не сакаше и ние бевме победници – рече Ахмети.

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/ahmeti-prifakjam-rivalstvo-no-ne-i-kleveti-ne-sme-nie-vinovni-shto-22-godini-sme-pobednici/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.