Македонскиот поет Никола Маџиров е член на меѓународно поетско жири

news
Advertisement

Поетот Никола Маџиров е член на жирито на големата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Griffin Poetry Prize“, со седиште во Торонто, Канада.

Advertisement

Наградата за најдобра книга за 2022/2023 година изнесува 100.000 американски долари и ќе му се додели на авторот и на преведувачот на свечена церемонија во Корнер Хал во Торонто, во јуни следната година.

Петте автори што ќе влезат во потесна конкуренција ќе добијат по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а ќе се додели и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада.

Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, национален американски поет-лауреат за 2012-2014 година и добитничка на „Пулицер“, како и канадскиот поет Грегори Скофилд.

Во конкуренција за наградата се приближно шестотини книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на Златниот венец на СВП Маргарет Етвуд, ќе каже: „’Griffin Poetry Prize’ ги афирмира и ги охрабрува поетите веќе дваесет и две години. Поезијата не е минорна форма на уметноста; таа е казанот на човечкиот јазик“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 147, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 24-25 септември 2022).

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.