Ахмети: Со Османи за претседател напред, не за Русија, да за Европа

news
Advertisement

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во обраќање преку социјалните мрежи во директен пренос, повика дека пред Македонија е најважниот референдум на кој треба да се каже „Не за Русија, да за Европа“ и во тој контекст побара да му се искаже поддршка на Бујар Османи, практично најавувајќи дека министерот за надворешни работи Османи влегува во трката за претседател на Македонија.
Ахмети се заложи функцијата претседател на Македонија да се избира во Собранието со двотретинско и со бадентеровото мнозинство, но се заложи и за воведување на функцијата заемник претседател на Македонија со цел и на чело на државата да биде застапена етничка рамноравност.
„Да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство од Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена која ја баравме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот во случајот за избор на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедството и продолжување на евроинтеграциите“, набележа лидерот на ДУИ во своето обраќање.
„Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“,. тоа е нашето мото за овие избори, рече Ахмети нагласувајќи дека е големо влијанието на шефот на руската држава Владимир Путин во македонското општество, во партиите и во медиумите.
„Поларната мечка, Русија, ни тропа на вратата и се меша во сите пори на нашето општество и влијае врз партиската сцена во земјата. Русија е присутна во политичките партии, во медиумите, во граѓанското општество и во секој општествен сегмент, не само овде, туку и во регионот. Путин и Лавров впрочем, изјавија дека со членството во НАТО Република Северна Македониуја се стави на линијата на огнот. Затоа молам за внимателност и за вистински избор“, рече, меѓу другото, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Сведоци сме дека членството во ЕУ не ни е можно и повторно сме изолирани. Македонија е мала земја на крстосницата на цивилизациите. Затоа, ве повикувам да се собереме и да ја водиме последната битка од вечната војна и да кажеме ‘не за Русија, да за Европа’, заедно“, рече Ахмети.
Инаку, од вчера обраќањето беше најавувано како „Големата вест“ што ќе ја соотшти лидерот Али Ахмети, а меѓу дел од високите функционери на партијата се пронесе и веста дека Ахмети за кандидат за претседател на државата се двоуми меѓу кичевскиот градоначалним Фатмир Дехари и Бујар Османи.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.