ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА САШО МИЈАЛКОВ И ЗА ТОНИ ЈАКИМОВСКИ Од СЈО го полнеле „Трезор“ со политички конструкции и со лажни обвинувања

news
Advertisement

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА САШО МИЈАЛКОВ И ЗА ТОНИ ЈАКИМОВСКИ Од СЈО го полнеле „Трезор“ со политички конструкции и со лажни обвинувања
Основниот суд Скопје 1 донесе ослободителна пресуда за предметот „Трезор“ утврдувајќи дека Јавното обвинителство не успеало да докаже ниту една од претпоставките кои ги ставаше на товар на обвинетите. Немало злоупотреба, немало искористување на службената положба, немало штета за државата и немало незаконски профит како што ЈО се обиде да креира впечаток во

Advertisement

После повеќегодишно влечкање низ судските лавиринти, Основниот суд собра храброст да му покаже на Јавното обвинителство дека не е доволно да се направи прес конференција, да се добие поддршка од медиумите и да се конструира предмет во кој што обвинетите однапред би биле осудени. Основниот суд во повторената постапка по предметот „Трезор“ пресуди дека ЈО целосно потфрлило во предметот „Трезор“, односно дека истиот е базиран на сомненија кои немаат основа и кои ЈО не можело да ги докаже.

За разлика од пресудата донесена пред три години, Основниот суд сега не дозволи да суди само врз основа на впечатоци, а не и на докази, ниту пак дозволи нечија желба за политичка елиминација да биде главниот аргумент некој да биде прогласен за виновен. Наместо тоа, судот реши да ги почитува напатствијата дадени од Апелација која се обиде да ги нотира сите недоследности во првата првостепена пресуда.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и неговиот шеф на кабинет Тони Јакомовски се целосно ослободени од вина во првостепената постапка која по втор пат се водеше пред основниот суд.

ЈО во повторената постапка одбра да тера инает и да си поигрува со човечки судбини
Целиот предмет, уште од самиот почеток беше базиран на сосема погрешни претпоставки за кои не постоеја никакви докази. ЈО тргна од претпоставката дека се работело за наместена набавка со која е направена штета на буџетот, за сметка на користа која ја остварила фирмата набавувач на опремата. За оваа основна претпоставка ЈО не се ни потрудило да обезбеди економско вештачење преку кое би ја докажало. Во тој контекст ЈО претпоставувало дека би било поевтино опремата да се набавувала директно од производителот, без да прибави доказ за тоа, ниту да објасни сите апарати на кои што работат дали се набавени од производителите или од нивните импортери во земјата. ЈО претпоставуваше дека Мијалков тогаш одел во Лондон да се договара со производителот, а меѓународната помош испратена преку британските истражни органи најдиректно ја демантираше оваа претпоставка. ЈО претпоставуваше дека Мијалков им наредувал на Ѓоко Поповски и останатите задолжени за набавката, а тие под заклетва пред судот ги негираа овие сомнежи.

Во 2022 година Апелациониот суд утврди „суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“.

Тогаш Апелација јасно им предочи на ЈО и на судот што треба да се корегира во повторената постапка за пресудата да биде законска, основана и праведна.

Во изреката со која Апелација ја поништи првостепената пресуда и ја врати на повторно судење, меѓу другото стоеше: „… При повторна анализа и оцена на изведените докази, првостепениот суд со сигурност да утврди дали со преземените дејствија на обвинетите на начин како што е опишано во обвинението, настанала штета на буџетот на РМ и доколку настанала, да го утврди точниот износ, да утврди кои противправни дејствија ги презеле со кои евентуално би се исполниле субјективните и објективните елементи на кривичното дело од чл. 353 став 5 в.в. со став 1 од КЗ. Во таа насока, да ги утврди фактите и околностите во врска со спроведената постапка за јавна набавка, дали истата е спроведена законито, учесниците во истата, за да може да цени дали противправните дејствија кои ги презеле обвинетите претставуваат дејствија на извршување на некои од алтернативно дадените облици на дејствието на извршување од чл.353 од КЗ. Откако судот ќе постапи по наведените укажувања, ќе биде во можност правилно да ги утврди сите решителни факти што се од битно влијание за законито одлучување за постоењето на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите и нивната кривична одговорност и да донесе законита одлука со аргументирани причини, за да може истата во целост и со сигурност да се испита“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.