Билтен: Во две сообраќајки повредени тројца малолетни пешаци, возило излетало од пат – повреден возачот

news
Advertisement

На 21.02.2024 во 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 55 годишно лице од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетниците, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Advertisement

На 21.02.2024 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген туран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 36 годишно лице од Охрид, удрило во малолетен пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, велат од МВР.

На 21.02.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Мешеишта-општина Дебарца, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано 25 годишно лице од с.Лешани, Општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, додаваат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.