Ахмети: Љубовта кон државата не се мери во килограми, мора да одлучиме дали сме со Москва или со Брисел

news
Advertisement

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од соработници и вчера ги продолжи средбите и разговорите со граѓаните на општина Гостивар, поточно со оние од Дебрешe, Мирдита, Равенe, Речанe, Вруток и Здуњe.

Advertisement

Тој истакнал меѓу другото дека иако „Албанците и Македонците имаат различен јазик и култура, ја имаме Македонија заедно“. „И затоа работиме, љубовта кон државата не се мери во килограми. Мора да одлучиме дали сме со Москва или со Брисел. Дали сме во минатото или во иднината? Нашата иднина нема друга алтернатива освен интеграцијата во ЕУ. Стабилноста ни е многу важна.

Мислам дека сите овие години што придонесувачи за зајакнување на стабилноста и покрај тоа што некои македонски партии не вложуваат многу за да ги убедат граѓаните дека оваа држава е наша и заедничка. Ама тие велат, Албанците ни ја земаа државата, кај ќе ја однесеме. Не менуваме граници, ама не сме ни станари, нека го заборават тоа. Не работиме за она што не ни припаѓа, но државата не може да биде само на една партија, порачал Ахмети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.