Стапуваат на сила мерките за штедење на струја, одговорност во време на криза, велат од СДСМ

news
Advertisement

Во пресрет на прогнозираната тешка зима во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, започнуваат мерките за штедење на електрична енергија во државните институции.Со мерките кои ќе важат до 31 март наредната година, потрошувачката на струја во институциите ќе се намали за 15 отсто, со што се очекува заштеда на електрична енергија од 19,5 милиони киловат-часови за шест месеци, велат од СДСМ.

Advertisement

Од партијата велат дека мерките предвидуваат исклучување на декоративното осветлување на фасадите, уредите за ладење да се постават не пониско од 27 степени, а за греење не повеќе од 20 степени. Светлата и компјутерите задолжително ќе се исклучуваат по завршување на работата, осветлувањето на јавните патишта ќе се намали до минимален сигурносен обем.

Во време на криза неопходно е одговорно однесување и рационално трошење на струјата.Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни политики ја одржува стабилноста на енергетскиот сектор, максимално го зголеми производството на електрична енергија и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните.Домаќинствата за сметките за струја плаќаат 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата.Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година, велат од СДСМ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.