АЈДЕ И ТОА ДА ГО ВИДИМЕ – ЌЕ ГО ЗАВРШЕЛЕ АВТОПАТОТ ВО 2023

news
Advertisement

Над две години македонските граѓани чекаат власта да ја заврши делницата од 5 километри Катланово-Петровец, која може да му парира на автопатот Кичево-Охрид по интензитетот на работа. Не се работи речиси ништо, реагираат граѓаните, а министерот за транспорт и врски Благој Бочварски убеден дека ќе се заврши.

Advertisement

– Поради енормно слабиот прогрес на работите и пробивањето на рокот, бевме доведени во ситуација да го раскинеме договорот, оти истиот не беше почитуван. Распишавме постапка за избор на нов изведувач. Таа е завршена и имаме избрано нов изведувач. Тој би почнал со работа следната година, согласно временските услови. Делницата ќе биде завршена следната година, изјави Бочварски.

Почетокот на работите беше во септември 2020, а инвеститорот најави рок на изградба од 10-12 месеци.

Бочварски, кој тогаш го најави стартот на реконструкцијата, сега објаснува дека градежната фирма која ја работела оваа делница покажала слаби резултати.

Тој потсети дека овој период активно се работи на реконструкцијата и асфалтирањето на стариот пат од Катланово до Велес, во вкупна должина од девет километри

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.