Мицкоски воден од народната поговорка „кој признава пола му се простува“ се кае за поддршката на Арсовска

news
Advertisement

Лидерот на опзициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски воден од народната поговрка „кој признава половина му се простува“ искажа каење за поддршката која и ја дал на Данела Арсовска во трката да стане грдоначалничка на Скопје. „Тиквата пукна“ меѓу ВМРО ДПМНЕ и Арсовска по нецела година и сега катадневно сведоци сме на меѓусебно прозивање за учество во валкани игри.

Advertisement

Цехот од ваквата нивна валкана игра го плаќаат граѓаните со целосно блокиран и хаотичен град, во кој не функционира јавниот превоз, сообраќајот е заглавен поради насекаде започнатите со ринкање улици и не завршени што дополнително создава нервоза кај граѓаните, метеж, застој и зголемено загадување… Се е на штета на здравјето на граѓаните. Во Скопје за да се стаса од дестинација до дестинација треба да се има нерви како „ортома“, да се биде виртуоз и да ја погодиш вистинската рута за движење, вистинското превозно средство… Е тоа ти е денска најавеното модерно Скопје промовирано заеднички од ВМРО ДПМНЕ и Арсовска, кои се прозиваа за „рачиња во мед“, „шпицен градоначалник“, за „влечење по булевари“…

– Жалам што направив погрешна проценка за карактерот на човекот кој го поддржав денеска да биде градоначалник на Скопје. Верував бидејќи препораките и биографијата беа солидни и до ден денеска верувам дека тогаш направивме вистински чекор, бидејќи направивме победник, но жалам што поддржав човек кој сега се фокусира на ниски страсти, лаги, конструкции поучен од не многу ликови кои се дел од нејзиното опкружување наместо да испорачува за Скопје, таа се фокусира да растура пердуви за мене и лаги и конструкции, рече Мицкоски при неодамнешното гостување на МТВ., за нападите кои пристигнуваат на негова адреса од Арсовска.

За заканите кои наводно ги упатувал на Арсовска, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, вели дека е згрозен и шокиран од таквите лаги и ги отфрла како неточни. На Арсовска и порачува да се посвети на работа, а не на лаги.

Нашиот народ за ваквата ситуација вели дека „после … нема каење“. Затоа Мицкоски не само што ја признава грешката ,треба и да ги сноси и последиците од хаосот во градот. На граѓаните во Скопје наместо да им го олеснат и релаксираат животот им го отежнаа.

Немаат идеи, решенија… а тераат инает да ги дозавршат сообраќајните решенија за да се растерети метежот во централното подрачје, па и по една година откако ја презедоа локалната власт работите не мрднаа од онаму каде што застнаа на кружниот кај Момин Поток, мостот преку Вардар во Аеродром, поврзувањето со Есенинова… во Кисела Вода…

Се занимаваат со ринкање на асфалтот на сите страни и градот и општините и со месеци не ги завршуваат. Прават нервоза кај граѓаните наместо да им ги рашаваат проблемите. Ваквите зафати во нормални околности се прават преку ноќ, а не со месеци !

– Чувствувам одговорност бидејќи застанав позади човек кој се покажа слаб менаџер и наместо тоа што се боревме и наместо за тоа што беа нашите вредности, се залага за поинакви кои немаат врска со потребите на Скопје. Но ќе направам се, ќе дадам се од себе да таа грешка ја исправам и концептот „За модерно Скопје” да заживее, вели Мицкоски.

Ќе направиме еден координативен состанок на којшто ќе можеме да се информираме и да видиме каде Владата може да помогне, бидејќи сепак главниот град заслужува на земја членка на НАТО и земја која ќе биде членка на ЕУ да живее и да се развива на високо ниво, најави премиерот Димитар Ковачевски.

-Тоа со оваа власт во Град Скопје се потврди дека е невозможно затоа што тие што ја освоија власта сега бегаат и се кријат дека ја освоиле власта. Јас утрово читав некакво соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во коешто тие кажуваат дека СДСМ управувал со Град Скопје. И тука би сакал да дадам уште еднаш појаснување, дека пред една година на изборите во Г.Скопје, на денот на изборите СДСМ и коалиционите партнери ги изгубија изборите и на тој ден признавме пораз и честитавме победа. Како највисок чин, демократски претседателот на СДСМ и премиер поднесе оставка, а на друга страна и вие новинарите бевте присутни во штабот на ВМРО – ДПМНЕ, градоначалничката на Град Скопје од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во бел капут, со трубачи беше пречекана од целото раководство на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ беше облечен во блузонче со патентче и славеа заедно победа на ВМРО – ДПМНЕ и Данела Арсовска. Ако отидете на сајтот на ВМРО – ДПМНЕ тогаш ќе видите дека таму стои дека ВМРО – ДПМНЕ победило во Град Скопје со нивниот кандидат. Сите Уодбори, сите Јавни претпријатија во Град СКопје се управувани од кадри предложени од партијата ВМРО – ДПМНЕ. Граѓаните не заслужуваат да бидат предмет на внатрепартиски борби на раководителите на ВМРО – ДПМНЕ, а обврска на Владата е во рамки на своите надлежности и можности да помогне градот да функционира на најдобро можно ниво, рече Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.