Бадникова ноќ околу мала канта

news
Advertisement

Не паѓа снегот за да го покрие брегот, туку за да ги открие трагите на ѕверките. Во Скопје ноќва и утрово немаше снег, туку магла. Маглата не ги сокри трагите на непрокопсаните.

Advertisement

Оваа мала канта за ѓубре за паркови и зелени површини, наменета за да се фрли хартивче, опушок (прво да се изгаси) и ситни ѓубренца, ноќва послужила за палење на бадников оган.

Остана лежечкум во глувото магливо, пусто и аерозагадено Ново Лисиче. Сведочи за изживувањето врз неа. Прво била откорната откај блиската клупа и донесена во центарот на плочникот. И почнало…

Си посакале ли како верници пред „бадниковиот оган“ господ здравје и среќа да им даде додека пиеле греена ракија или вино, или можеби вотка, вињак или виски со музика од мобилните телефони? Не знаеме, може да тврдиме дека сигурно се пиело. И дека во кутрата канта се фрлале дрвца, хартии, ѓубриња, пластични чашки, празни кутии цигари за да жари и пали, за да црвенее… И се викало и пеело и трчало околу неа додека оган избивал и додека огнот не секнал. Тогаш кантата почнала да црнее од мака и немоќ.

Веселата дружина заминала кога се испило сѐ и кога им станало неподносливо студено, можеби и задушливо од ионака загадениот воздух „збогатен“’ со ќумуросаните честичките од дното на кантичката.

Таа беше зелена. Демек екологија во Скопје.

Ех, вечно Скопје!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.