Невообичаен молк откако во еден ден се силувани четири деца, од татко(вци), брат, роднина

news
Advertisement

Четири силувања на малолетници регистрирани во еден ден. Меѓу монструмите се татко(вци), брат, полицаец, затвореник, кои во еден ден се регистрирани од надлежните институции.

Advertisement

Полицаец од Демир Капија си го силувал малолетниот син.
Кавадарчанец си ја силувал 7-годишната ќерка и гледал порно со неа.
Малолетен брат си го силувал помалиот брат и друг малолетник во Скопје.
Во Кавадарци затвореник пуштен на викенд ја силувал малолетната роднина.
Ова да се случеше во било која друга држава денеска улиците ќе беа преплавени со луѓе кои ќе протестираа и ќе бараа правда и поголема заштита на децата, медиумите ќе правеа анализи, дебати со психолози, педагози… Но, наместо гласна реакција, ние денеска имаме огромен молк од сите, буквално од сите! Ниту невладини, ниту детската амбасада Меѓаши не реагираа(т) за ваквите монстуозни чинови. Нема реакција ниту на социјалните мрежи…

Во Косово пред точно една година имаше масовни протести поради силување на 11-годишно девојче. Во знак на поддршка за 11-годишното девојче од Приштина што беше силувано од пет мажи, беше организиран протестен марш и во Тетово. Инаку, вчера пред Основниот суд во Тетово се одржа протест на семејствата и пријателите на загинатите во пожарот во тетовската модуларна болница во септември 2021 година. Тие бараа правда и одговорност после објавената сторија на ИРЛ.

Вчера, како што е објавено, во Македонија се силувани 4 деца, од кои едното девојче имало само 7 години, и денеска имаме апсолутен молк.

Ваквите монстуми заслужуваат максимална казна, а децата мора да добијат поголема заштита, за жал, дури и од свои родители, роднини и познаници.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.