Бали-бег оставен од бремената сопруга?! Tурските актери се огласија по тврдењата дека се разделуваат поради неговата мајка

news
Advertisement

Наводно, ситуацијата ескалирала по жестока расправија во која актерот застанал на страната на неговата мајка

Advertisement

Турскиот актер Бурак Озџивит, познат кај публиката по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, од 2017-та година е во брак со актерката Фахрије Евџен
Парот, кој го има синот Каран, моментално го очекува своето второ дете, а со години важат за едно од најхармоничните познати семејства на турската јавна сцена. Затоа сите беа изненадени од гласините дека бремената Фахрије решила да го напушти сопругот.

Според турските медиуми, тие минуваат низ многу тежок период бидејќи Фахрије и Каран биле болни од корона вирусот и цело време биле дома, а за тоа време актерката наводно постојано се расправала со сопругот. Во еден момент, се шпекулираше, расправијата толку ескалирала што Фахрије го кренала гласот на свекрвата Чејхан, па Бурак скокнал во одбрана на неговата мајка, по што актерката го напуштила заедничкиот дом.
Сепак, парот набрзо се огласи на Инстаграм демантирајќи сè со заедничко селфи на кое се гушкаат насмеани, со порака:
„Не бидете глупави! Оставете нè на мира!“

Како што пишуваат турските медиуми, Фахрије во последно време не била дома, туку всушност со синот Каран престојувала во приватна клиника во Бодрум, каде претходно биле на семеен одмор. Откако мајката и синот ја напуштиле болницата, отишле во нивниот заеднички домДа потсетиме, Бурак Оживит и Фахрије Евџен се заедно од 2013-та година, а во 2017-та година љубовта ја крунисаа со голема и романтична свадба.
Извор: glossy.espreso.co.rs

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.