Бајден: Русија не треба да биде означена како спонзор на тероризмот

news
Advertisement

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Русија не треба да се класифицира како држава што спонзорира тероризам.

Advertisement

Тој, на новинарско прашање дали Русија треба да се означи како држава што спонзорира, кусо одговори „не“.

Украина, по руската инвазија, бара од западните држави Русија да биде означена како спонзор на тероризмот, додека Москва предупредува дека тоа би значело крај на руско-американските односи.

И дел од американските законодавци претходно предлагаа Русија да биде прогласена за спонзор на тероризмот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.