Бегалец од куќен притвор: тој е жртвата во Приштина?

news
Advertisement

Во шпекулации е обвиткано синоќешното убиство во Приштина, во кое според косовската полиција, настрадал државјанин на Република Северна Македонија. Тој бил пронајден мртов во автомобил со македонски регистерски таблички, а на еден километар од тоа место било пронајдено запалено возило со германски таблички. Во запаленото возило биле најдени два калашникови и се претпоставува со нив било извршено убиството.

Advertisement

„Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот. Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека со него осомничените побегнале од местото на настанот. По наредба на државен обвинител, телото на жртвата е испратено на обдукција, случајот продолжува да се истражува“, се наведува во полициското соопштение.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска кусо одговори дека институциите на Северна Македонија се во контакт со косовските и се очекуваат повеќе информации за случајот.

„Нашите институции комуницираа со косовските власти и го потврдија тој податок којшто беше објавен во јавноста – за наш граѓанин кој е застрелан во Косово, но се разбира повеќе детали ќе обезбедат останатите институции. Ние како МНР го направивме првиот контакт, и ја потврдивме веста“, рече Османи.

Исто лице

Косовскиот портал Индекс онлајн уште доцна синоќа објави и детали, вклучително и за идентитетот на убиениот. Повикувајќи се на свои извори, порталот како име на убиеното лице го наведе Б.Д. (ДВ користи иницијали поради отсуство на официјална потврда) кој наводно имал лажни документи што ги користел и гласеле на име Б.Ш.

Во однос на посочените имињата, според извори од македонските надлежни органи станува збор за исто лице, бидејќи Б.Ш. го користел името Б.Д. неформално. Но, велат дека немаат потврдени информации дали во случајот станува збор за тоа лице.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.