Гир потврди: На патот кон ЕУ не го губите идентитетот, не се очекуваат нови гаранции од Советот на ЕУ

news
Advertisement

На патот кон ЕУ не го губите идентитетот, јазикот или културата. Јазикот е во преговарачката рамка, без никакви квалификации. Во врска со очекувањата, реално не е можно да се очекува подобар договор со Бугарија, отколку тоа што беше договорено минатиот јули и почетокот на преговорите со ЕУ, рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, одговорајќи на прашањето дали е можно на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на ЕУ да усвои нов документ со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет и јазик.

Advertisement

Гир истакна дека не треба да се очекуваат ниту нови договори, гаранции или ветувања, што се однесуваат на процесот на пристапување.

-Секако од искуствата во другите земји, фокусот е на реформите и промените што треба да се случуваат. Со тоа вашиот идентитет се зајакнува, потврди евроамбасадорот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.