Бегство од Шутка: Другарот Нафи Абдиовски го нема од 14 јануари

news
Advertisement

Од затворите во земјава се бега како никогаш досега. По бегството на затвореникот од затворот „Идризово“, јавноста дознава за уште едно бегство. Овојпат од затворот „Шутка“. На 14 јануари од затворот избегал Нафи Абдиовски, осуден за измама на 8 месеци.

Advertisement

Информациите на Алсат ги потврдува и затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека избегал околу 17.00 часот.

Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата, вели Садуш Арифи, заменик-директор на затворот Шутка за Алсат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.