Без уставни измени запира патот кон ЕУ, тоа ќе влијае на односите со САД, но не сум тука да ве убедувам, им порача Ковачевски на пратениците

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски од Собранието им укажа на граѓаните да не се плашат од измената на Уставот и вметнување на Бугарите и другите народи во Преамбулата. Тој укажа дека уставните измени не се под никаква уцена, ниту диктат. Ние не треба да ја пропуштиме оваа шанса за Европа. Еднаш тоа се случи кога се одвоивме од Хрватска. А дали ќе се случи пак годинава, вие во Парламентот ќе одлучите. Европските претставници предупредуваат дека постои ризик од одвојување на Северна Македонија и Албанија, ако пред крајот на годината не се усвојат уставните измени. Тоа значи дека тие не се диктат туку дел од преговарачката рамка со ЕУ“, кажа Ковачевски.

Advertisement

Тој ги убедуваше пратениците дека ЕУ не се меша во идентитетските прашања и дека ништо од уставните измени не задира во нив. Според премиерот, промената на Уставот носи само добрососедски односи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.