Бербок: Забраната жените да студираат претставува злосторство против човештвото

news
Advertisement

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека родовиот прогон може да претставува злосторство против човештвото.

Advertisement

Зборувајќи како претседавач со министрите за надворешни работи на Г7, таа најостро ја осуди одлуката на Талибанците да им забранат на жените да одат на универзитети, што, заедно со другите мерки преземени од талибанците, може да изгледа како систематска политика. – Авганистан е потписник на Римскиот статут, според кој родовиот прогон е злосторство против човештвото, рече Бербок. Десетици жени се собраа денеска пред универзитетот во Кабул во знак на протест против одлуката на Талибанците да ги затворат универзитетите за жени. Талибанската Влада во Авганистан се соочи со критики, вклучително и од странските власти, поради одлуката да им се забрани на жените да студираат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.