Бес во арапските земји по експлозијата во болница во Газа

news
Advertisement

Иако е спорно кој стои зад експлозијата во болница во Газа, поради многуте жртви расте бесот кај жителите во арапските земји. Арапските политичари се ставени во ситуација да се позиционираат против Израел.

Advertisement

Американскиот претседател Џо Бајден при средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Тел Авив се осмели да оцени дека „врз основа на она што го видов, се чини дека спротивната страна го извела тоа, а не вие“. Тој зборуваше за експлозијата во просторот на болницата Ал Ахли Араби во Газа, што се случи во вторникот вечерта (17.10.). Во експлозијата за која се претпоставува дека предизвикана од ракета, според податоци на палестинското. Министерство за здравство, можно е да се загинати до 500 лица. Со изјавата на Бајден, и САД се вклучија во борбата за интерпретирање на причината за експлозијата. Веќе сега е јасно дека големиот број на жртви дополнително го загрева конфликтот меѓу Израел и Хамас, како и други критички спрема Израел настроени актери од регионот. Во повеќе арапски и муслимански држави избувнаа протести, делумно имаше и насилство.

Темата е исклучително чувствителна поради големиот број на жртви. Заради тоа многу брзо по експлозијата следуваа соопштенија од Израел и од Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелската армија ја отфрлија одговорноста за експлозијата. Посочија дека несреќата се должи на неуспешно лансирање ракета од страна на екстремистичката група Исламски џихад. Како доказ за тоа, Израел презентираше наводно прислушуван разговор меѓу двајца функционери на Хамас. Израелската војска истовремено зборуваше за намерни лажни изјави од Хамас како дел од медиумската војна

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.