Бизнис во Гази Баба: Превозници им наплаќаат на граѓани по 4.000 денари за кабаст отпад, а го расфрлаат на улица, наместо на Вардариште

news
Advertisement

Граѓаните во општина Гази Баба ангажираат приватни превозници за собирање на градежниот шут кои речиси никогаш не го носат отпадот во легална депонија туку го исфрлаат каде ќе им текне.За овие услуги некои граѓани плаќаат и по 4.000 денари не знаејќи притоа дека нивниот отпад не е е одложен во депонијата Вардариште.

Advertisement

Екоактивистите од Гази Баба на социјалните мрежи објавија случај од жител на општината кој се јавил на оглас за да му го соберат кабастиот отпад после реновирање. Отпадот завршил две улици подолу.

„-Комшо си го исчистил отпадот од реновирање? – Да. Се јавив на оглас. Дојде камионче за 4000 се ми собра и шут и стар мебел.
– А тој каде го фрла отпадот? – Не знам и не ме интересира. Важно јас да си исчистам дома.
Твојот отпад комшо е две улици подоле. Ти си исчистил но општината е се позагадена.
Почитувани граѓани. Кога ќе се јавите на лица кои го зимаат вашиот отпад, тој никогаш не завршува во легална депонија бидејќи тие таму треба да платат. Тој завршува во вашето соседство“, пишуваат активистите.

Отпадот граѓаните можат и самите да го достават до претоварната станица на КХС во Вардариште со што би биле сигурни дека нема да заврши пред некоја зграда или ограда на куќа, но дел од жителите не сакаат да преземат иницијатива и одговорноста ја префрлаат на општината и инспекторатите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.