Бизнис со вошки: Се заработува одлично, еве како се успева

Бизнис со вошки: Се заработува одлично, еве како се успева

news
Advertisement

Бизнис со вошки: Се заработува одлично, еве како се успева

Advertisement

Ова е салон, но не онаков салон каков што замислувате. Овде ќе ве пречекаат љубезно и со насмевка за да ве спасат од – вошки.

А во салонот атмосферата е речиси иста како на фризер, пријатна нежна музика, мијалник за миење коса, чешли… и две насмеани девојки – белграѓанки Александра Продановиќ и Далиборка Јакшиќ, специјалистки за вадење вошки и гниди од косата. 

Но, од каде идејата за ваков салон?

– Дипломирав новинарство на ФПН и сакав да се занимавам со тоа. Се обидов да останам во академската заедница, зад мене имам различни работни искуства, но животот е чудо, те носи таму каде што не си замислил. И еве јас сум сега во салонот и им помагам на децата и нивните родители да се ослободат од нападите на вошките – низ насмевка вели Александра Продановиќ.

Таа наведува дека без оглед на досегашните работни искуства, нејзината најголема желба била да води сопствен бизнис.

– Сакав да се обидам во претприемништвото, иако ми изгледаше ризично кога размислував за тоа. Но, еве ме денес со другарка ми Далиборка овде, во нашиот салон  и воопшто не жалам, задоволна сум – вели Александра и додава дека од оваа работа може пристојно да се живее.

Далиборка додава дека вакви салони има во Србија, но не многу.

– Порано работев во сличен салон, така што нашата идеја не е автентична. Јас и Александра едноставно седнавме еден ден и решивме дека сакаме да го направиме токму тоа. Го истражувавме пазарот, откривме дека нема многу салони кои нудат такви услуги и почнавме. Ситуацијата во светот е сосема поинаква. Ги има неколку, тоа е цела индустрија – објаснува Далиборка Јакшиќ како таа и Александра започнале сопствен бизнис.

Како што наведуваат, за започнување мал бизнис во Србија потребна е храброст, проследена со решителност и взаемна поддршка. Исто така, не биле потребни многу пари, па затоа, велат, дополнително се охрабриле.

– Ризикот постои како и во секој друг бизнис, стравот од неуспех е реален. Но, со помош на пријателите, маркетингот преку социјалните мрежи, бизнисот тргна по една година – вели Александра.

Повеќе прочитајте на Фактор.
Фото: Freepik.com

Advertisement